речник контакт

За Светскиот ден на борба против дијабетесот, акција на мерење на шеќер во крвта

Можноста за бесплатните прегледи, ја организираше Црвен крст Велес, ја искористиле 50-тина лица од 3дружение на пензионери

Петар Печков

Кај највозрасната популација,членови на Здружението на пензионери, денес  се изврши  прегледи за мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта. Прегледите беа бесплатни. Со ова се одбележа  14 Ноември Светски ден за борба против дијабетес.

„Овие прегледи кај лицата од трето доба, беа  дел од активностите  од  Неделата за грижа на стари лица  и се реализира под мотото „Сите сме нивни деца“ - кажа Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес, која беше организатор на настанот.

Можноста за  бесплатните прегледи во Здружението на пензионери ја искористиле  50-тина лица. Освен преглед тие добиле  и совети за своето здравје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »