Петар Печков
Објавено: вторник, 12 јуни 2012
Двајца велешани , високо позиционирани во т.н. Франкфурт мафија денес ги добија казните за апсењето во акцијата ,,Диригент,,.
Зоран Манасков Скршениот доби единствена казна затвор од 11 години за две кривични дела, перење пари и производство и дистрибуција на наркотични средства. Додека Един Ѓукиќ за производство и дистрибуција на наркотични средства доби казна затвор од пет години.
И двајцата остануваат во притвор до правосилноста на пресудата. Криминалната група која броеше 29 лица беше разбиена во кон крајот 2010 во соработка меѓу македонската и австриската полиција.
Зоран Манасков - Скршениот пред две години беше осуден на една година затвор за нелегално поседување оружје, иако се товареше за трговија со дрога, но тоа не беше докажано. Полицијата при тогашната акција во неговиот дом пронајде пиштол марка Црвена Ѕвезда М-83/92 а во викендичката пиштол марка Магнум 357 и 9 куршуми девет мм. за кои доби една година затвор.
Tweet |