Петар Печков
Објавено: среда, 07 февруари 2018
Стечајниот управник Мирослав Анастасиевски на денешното рочиште во Оснвоен суд Велес, поднесе извештај за економско - финансиската состојба на друштвото, кое неколку години наназад било веќе во банкрот, но никој не презел соодветни мерки и да прогласи таква состојба.
Извршени се анализи во перидот од 2012-та до 2017-та година. За 2016-та нема завршна сметка ниту ревизорски извештај, кој пак за 2015-та е поднесен во 2017-та. Друштвото е неликвидно, бележи пад на приходи од 2013-та година, од кога покажува загуби. Финансиските показатели иимаат енгативен тренд и со примена на соодветна стручна метода за утврдување дали една фирама е за банкрот, коефициентот е 2,9, кај должникот тие коефицинети од 2012-та година бележат пад и стигнале на коефицинет од 1,20 требало да банкротира. Тоа било во периодот 2014-та - 2015-та - рече стечајниот Атанасиевски и се пожали дека за осумте дена откако извештајот бил на увид на јавноста, никој од доверителите не се јавил да го побара да го види.
Судијката Валентина Ѓоргиевска им даде рок по 45 дена и на стечајниот управник и на двете банки доверители, да подготват план за реорганизација, кој ќе биде ставен на дневен ред на Собранието на доверители на АД Фени во стечај.
Доверителите Комерцијална Банка АД Скопја и Стопанска Банка АД Скопје до стечајниот судија поднесоа во текот на отворената стечајна постапка иницијатива за план за реорганизација. Истото тоа го стори и стечајниот управник Мирослав Анастасиевски. Имаат рок до кгоа ќе ги достават тие планмови, по кои ќе се произнесат доверителтеи на Собранието - рече судијката Ѓоргиевска.
Најголеми доверители во АД Фени во стечај се Комерцијална Банка АД Скопје со 35%, Стопанска банка АД Скопје со 22% и имаат најголема моќ со мнозинство гласови да ги донесуваат сите одлуки. УЈП е трет по големина доверител со 7,8%. Фирмата ,,Кунико,, со два предлози се обиде да го одложи денешното рочиште, но и двата беа отфрлени, за смена на стечајниот управниик и барање за дополнетата корегирана шема за побарувања. За претседателот на СИЕР Пеце Ристевски, со ова рочиште конечно започнал стечајот во Фени, кое имало доста нестандардни моменти.
Со овие два плана за реорганизација, можеме да претпоставиме дека зад едниот некој стои, зад другиот времето ќе покаже. Самата стечајна постапка во Фени индустри се води на поспецифичен начин, имајќи во предвид дека тој е единствен случај да продолжат со работење наспроти Законот, кој е прецизен дека со отворањето на стечај им престанува работниот однос. Се договоривме работниците да земаат 75 отсто плата иако ништо не работат - рече Ристевски.
Со планот за реорганизација се најавува како фирмата ќе продолжи да работи, колку средства ќе се инвестираат, во кој рок, колку вработени планираат да ангажират. Не мина обидот да се зголеми бројот на членови од одбор на доверители од пет на седум, мнозинските доверители- банките беа против.
Tweet |