Петар Печков
Објавено: петок, 06 февруари 2026
Каква беше безебдносната состојба во велешко минатата години, низ бројките на СВР Велес. Податоците се добиени по поставени прашања од ТрМр.
Фокус на состојбата е преку случени најтешките кривични дела убиства и случени сообраќајни несреќи. Останатите податоци, за тешки кражби, кражби, нарушувања на јавен ред и мир, по добивањето на годишниот извештај за работата на ПС Велес.
На подрачјето на општините Велес, Градско и Чашка, во 2025 година, во СВР Велес биле евидентирани три кривични дела „Убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик, од кои:
- едно кривично дело „убиство при семејно насилство“ казниво по член 123 став 2
точка 2 од Кривичниот законик, случено на подрачјето на Велес (убиството на Росица Коцева)
- едно кривично дело „убиство на свиреп и подмолен начин„ казниво по член 123 став 2
точка 1 од кривичниот законик, случено на подрачјето на Велес (убиството на Киро Коцев)
- едно кривично дело „убиство од користољубие“ казниво по член 123 став 2 точка 4
од Кривичниот законик, случено на подрачјето на Чашка ( убиството на Ѓело Гошев)
На подрачјето на општините Велес, Градско и Чашка , во текот на 2025 година се случиле вкупно 358 сообраќајни несреќи. Во несреќите осум лица го загубиле животот, а 212 лица се здобиле со повреди, од кои 42 со тешки телесни повреди, а 170 со телесни повреди.
На подрачјето на СВР Велес, конкретно во општините Велес, Градско и Чашка, во текот на 2025 година биле евидентирани осум случаи на самоубиства, во кои седум од жртвите биле мажи, а една била жена.
| Tweet |




