Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 декември 2014
Претставата ,,Најважната работа на светот,, на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, публиката премиерно ќе ја види во сабота. Со ова ќе биде отворена и новата зграда на велешкиот театар. Авторите најавуваат урнебесна комедија, која долго ќе се игра и која ќе предизвика голем интерес кај публиката. Режисер на претставата е Љубиша Георгиевски, кој ја работеше по текст на Братислав Димитров.
Претставата ја работевме во Колумбовска атмосфера, нема враќање. За оваа пртестава се потпревме на концепт, дека вредност на еден народ не се состои во патетика, туку во духот. Еден народ е голем, колку што умее да се шегува на своја сметка, колку што е духовите. Сите небиднини на судбината и историјата, да ги дочека на острицата на смеата. Ние како Македонци треба да се гордееме што изобилуваме со таков дух. Ете во таква атмосфера го работевме и поставивме овој текст. Ансамблот е совршено мотивиран и заслужува подобар статус во нашиот театарски еснаф - рече режисерот Георгиевски.
Тој посочи дека со посебна возбуда по трет пат поставува текст на Братислав. Овој авторски тандем најавува претстава во која публиката активно ќе учествува во креирањето.
Хуморот е израз на човековата слобода и менталното слобода и на индивидуа и на општеството. Насмевката е најкраткиот пат до другите луѓе - рече авторот на текстот Димитров.
Во претставата ,,Најважната работа на светот,, настапува без малку комплетниот ансамбл на велешки театар, со тројца гости Ирена Ристиќ и велешаните Зоран Љутков, Благоја Чоревски. . Актерите заедно со режисерот објаснуваат дека комедијата е забавна само за публиката, за нив таа е крвав труд, со многу драматика, со неизвесен исход и резултат, само за публиката да се забавува
Има една реплика во претставата која вели ,,треба да си земеме одмор, за да си ги кажеме своите маки,,. Јас пак велам дека треба да си земеме одмор за да ги кажеме нашите импресии од подготовката на претставата. Една од моите неостварени желби е што токму со оваа претстава, ми се оствари соработка со режисерот Љубиша Георгиевски - изјави актерот Зоран Љутков.
Симболично во првата премиера во новата зграда како гостин глуми и роден велешанец сега член на Драмски во Скопје Благоја Чоревски а почетоците на неговиот татко со актерство се поврзани токму о патувачкиот театар ,,Боеми,, на Петре Прличко.
Чест ми е што режисерот Георгиевски ме одбра за овој свечен чин. Со него работам 53 години а еве сега во Велес ќе ме види и новата генерација гледачи. Оваа претстава јас им ја посветувам на велешките актери доајени Петре Прличко, Борис Бегинов, Јосиф Јосифовски, Тодорче Николовски, Трајко Чоревски, Владимир Гравчев, на колегите кои заминаа во пензија. Тие што во никакви услови успеаја да се одржат за сега да играме во современ театар, фала им - вели актерот Чоревски.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Мери Ѓоргиевска музиката на Гаврило Миловановиќ. Цената на билетот за премиерата е 200 денари која ќе биде прикажана во три наврати, сабота, недела и понеделник.
Tweet |