речник контакт

За време на Питијадата и полицајците немаа работа

Сообраќајците пак иако имаа сериозна обврска, успеаја да го регулираат времено воспоставениот сообраќај во Велес

Петар Печков

За време на одржување на манифестацијата „Питијада„ полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Велес беа постојано присутни на терен и превземаа мерки за одржување стабилен јавен ред и мир и безбедно одвивање на сообраќајот. И покрај масовната посетеност на нашиот град од голем број луѓе од други населени места но и наши сограѓани, јавниот ред и мир беше стабилен што говори и фактот дека нема регистрирано ниту едно нарушување на јавниот ред и мир .

Во поглед на безбедноста на сообраќајот за време на одржување на манифестацијата „Питијада„  , полициска оценка е дека успеале да воспостават безбеден сообраќај, со оглед на тоа дека делови од главните улици во градов беа исклучени за сообраќај на возила , односно сообраќајот беше пренасочуван.

Полициските службеници постојано беа присутни на терен и го регулираа сообраќајот, и воедно вршеа насочување на возилата кон предвидените места за паркирање. Полицијата  им се заблагодарува на возачите кои имаа разбирање за новите услови во кои се одвиваше сообраќајот и се придржуваа до физичкото регулирање кое го вршеа полициските службеници. Промена на режимот на сообраќај имаше од 01.11. (петок) од 08,30час. се до 03.11. (недела) до 22,00час. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »