речник контакт

За граѓаните кои досега не се попишани, можност да се попишат со посета на канцеларија на Државниот пописен центар во Велес

Просторијата се наоѓа во зградата на локалната власт

Петар Печков

Од утре граѓаните кои не се попишани, поради било која причина, можат да го сторат со посета на пописната комисија. 

Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) им понуди на граѓаните да отидат на одредени локации во нивните општини и како што велат „да ја завршат својата граѓанска и законска должност“.

„Во Велес попишувањето започнува од понеделник 27-ми септември и трае до четврток 30-ти септември. Во периодот од 8 до 20ч., секој граѓанин може да дојде во просторите на локалната власт, во зградата на Општина Велес, да носи документ за идентификација и ќе биде попишан“ - кажа Драган Стојаноски, државен  пописен инструктор за пописен реон 18 Велес. 

Тоа се однесува освен на граѓаните и жители на Велес и на соседните Општини Градско и Чашка.

Оваа можност  се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »