Петар Печков
Објавено: вторник, 27 октомври 2020
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција кажа дека во ОУ Блаже Конески нема греење, за што ги обвини директорот и градоначалникот.
Во ООУ „Блаже Конески“ не е обезбедено греење за децата кои посетуваат настава и нивните наставници. Револтирани родители реагираат дека нивните деца се принудени да седат на настава со јакни, а одговорот кои тие го добиле е дека на училиштето не му е исплатливо да вклучува греење за само неколку училници.Ги прашуваме јавно, директорот на училиштето и градоначалникот Аце Коцевски, дали е ова вистина? Дали здравјето на децата, во време кога почнуваат сезонските грипови и Ковид пандемијата зема се поголем замав, е побитно од економската исплатливост? Што планирате да направите за децата и наставниците да не премрзнуваат за време на наставата ? - кажа на пладневната прес конференција портпаролот на ОК ВМРО -ДМНЕ за Велес, Филип Арлион.
Одговорот од прозиваниот директор стигна брзо, демантира дека во училиштето ОУ Блаже Конески нема греење.
Греење е обезбедено во секоја просторија каде што се одржува настава со физичко присуство во училиштето. Додека трае реконструкцијата на системот за топловодно греењев о училиштето, која што е во завршна фаза, просториите секојдневно ги затоплуваме со други грејни тела. Изнесувањето на невистини во јавноста е одвлекување на вниманието од успешното раководење на училиштето во кое за помалку од три години се направени инвестиции од околу 300 илјади евра. Една од нив е и целосната реконструкцијата на системот за парното греењево коешто не беше интервенирано повеќе од 35 години - соопшти Јованче Манасков директор на ОУ Блаже Конески.
Tweet |