Петар Печков
Објавено: вторник, 24 декември 2013
За да го остварат правото на стечаен надомест како стечајни работници со повеќе до 25 години стаж, некогашни порцеланци ќе треба да се докажуваат на суд. Ова се однесува за 30-тината лица кои неодамна протестираа оти не добиле право на надомест, откако тие иако навреме поднеле барање за негово користење, не поднеле благовремено тужба. Ова им го соопшти директорот на Агенцијата за вработување, кој беше во Велес.
Треба да почнат судската постапка. Ние тука не можеме ништо сами да сториме а сме со добра волја да им помогнеме на луѓето. Ова не беше случај ERGA OMNES, туку се работеше случај по случај. Констатицијата на засегнатите дека Законот е ист за едните и за другите во случајов не важи. Затоа што порцеланци се опфатени со него благодарение на одлуката на Управниот суд ,кој проценил дека има доволно докази да се преиначи негативното решение кое претходно го донела Агенцијата – изјави директорот на АВРМ Влатко Поповски.
Затоа тие ги упатуваат на судска постапка. Се додека не ја тужат државата и Управен суд не потврди дека се во право, триесетината поранешни работници од велешка Порцеланка нема да добијат паричен надомест.
Јас ги охрабрувам некогашните вработени да поднесат тужба. Ние ќе ги доставиме истите документи што на судот му ги доставивме и за претходната група. Ќе го сториме во потребните рокови за постапката да се одвива ефикасно - рече Поповски.
Тој објаснува дека во Агенцијата за вработување имале желба да се решат случаите на сите вработени во Порцеланка, кои ги исполнуваат условите, но со правно покритие. За екс вработените што подоцна се пријавиле, направиле истражување со целосна проверка на документите и утврдиле дека после добивањето на второстепеното решение во 2009-та година, немале поднесено тужба до Управен суд.
Неодамна на 62 лица Агенцијата им даде позитивни решенија со што треба да им исплати 440 илјади заостанат долг и до пензионирање да земаат по 7,4 илјади денари месечно. Тие кои останаа без надомест беа револтирани и бараа законот да важи за сите поддеднакво, без оглед дали тужеле или не.
Tweet |