Петар Печков
Објавено: недела, 25 јули 2010
. Ова, како што се посочува во соопштението од СРД, е направено заради поефикасна заштита на авторските и сродните права и за поголема транспарентност на програмите што се дозволени за реемитување на операторите на јавните комуникациски мрежи - оператори на кабелска телевизија.
СРД со Државниот пазарен инспекторат, Координативното тело за интелектуална сопственост, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, засилено ќе ги мониторира програмските понуди на операторите, а можноста за нивно менување ќе биде условена со регулирани авторски и сродни права со домашните и странските радиодифузери - се вели во соопштението.
Од СРД информираат дека операторите на јавни комуникациски мрежи не смеат да го менуваат програмскиот пакет, односно да додаваат или исклучуваат програмски сервиси, без претходно да добијат одобрение од Советот, кој го задржува правото по службена должност да повлече од пакетот програмски сервис, поради истечени права за негово реемитување, раскин на договор за реемитување или други правно оправдани причини.
Ваквиот пристап ја афирмира земјава како правна држава во која ќе бидат заштитени домашните и странските медиуми од нелегално реемитување. Заштитени ќе бидат и граѓаните, што ќе имаат правна сигурност при стапувањето во договорен претплатнички однос со операторите - се посочува во соопштението од СРД.
Со клик на оваа адреса ќе можете да видите што легално кабелските ТВ ви нудат а за што ве лажат и ви земаат пари
ttp://www.srd.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=89%3Akabelski&catid=37&Itemid=67&lang=mk
Tweet |