Петар Печков
Објавено: среда, 22 август 2012
Во големата летна крводарителна акција во Велес собрани се 346 крвни единици. Во редица и со чекање и по еден час велешани ја покажа нивната хуманост на дело. Во просторот од Ликовниот салон, каде се одвиваше акцијата, во два дена редици млади, стечајци, невработени трпеливо чекаа и на 40 степени температура да ја подадат раката и даруваат од драгоцената течност.
Имаме доста млади дарители, некои од нив и прв пат го сторија тоа. Евидентно е дека во Велес има тренд на подмладување на популацијата крводарители, што може само да радува. Тоа значи продолжување на традицијата бидејќи Велес е меѓу најдобрите градови во земјава. Имаме многу млади, бидејќи редовно ги посетуваме средните школи во него, имале позитивно искуство, потоа во фамилијата имаат крводарители што севкупно резултира со овој наплив на млади крводарители – вели д-р Миленка Богоевска од Трансфизуиното одделение во Скопје, која ја спроведува заедно со Општинската Организација на Црвениот крст од Велес. Оваа летна крводарителска акција е меѓу поголемите во Македонија. Пред две години беа собрани рекордни 383 крвни единици.
Tweet |