Петар Печков
Објавено: петок, 22 август 2014
296 крвни единици се собраа на големата летна крводарителска акција, која изминатите два дена со одржуваше во Велес Во просторијата на Ликовниот салон од 7,30 до 14 часот два дена имаше постојано редици на крводарители кои решија на овие високи температури, да застанат во ред, трпеливо чекаат за да ја даруваат скапоцената течност. И овој пат велешани покажаа голема хуманост и несебично ја подадоа раката.
На овие летни горештини собравме 296 крни единици, тоа е одлична количина.. Бројката е одлична оти изминатиот месец во Велес и велешко имавме повеќе акции, така што собраните единици се за почит. Ова е убав пример, кога ќе се види дека толку млади се дојдени да даруваат крв. Тоа најверојатно се должи на долгогодишната традиција на доброволно дарување која ја имаат велешани, како и на нашата работа во средните училишта кога тие за прв пат се решиле да даруваат крв – изјавија од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, кој заедно со Општинската организација на Црвениот крст ја организира оваа летна акција.
Сите кои даруваа крв добија по еден сендвич и учествуваа во наградната игра каде имаше различни добивки. Собрани крвни единици завршуваат на клиниките во Скопје. Оваа акција на крводарување годинава беше 21 во ред и е една од поголемите во земјава а пред три години се собраа рекордни 382 крвни единици. За само шест месеци Општинскиот црвен крст го оствари годишниот план. Веќе минатиот месец собрани се планираните 1860 крвни единици.
Tweet |