Петар Печков
Објавено: петок, 10 септември 2021
За два дена двајца починати велешани позитивни на ковид-19. Вчера, четврток лице на 76 годишна возраст кој бил на лекување во Скопје а денес лице на 55 годишна возраст, жена од Горно Јаболчиште, која се лекувала на Инфективно одделение.
Со ова бројот на починати лица, позитивни на ковид-19, поради последиците на корона вирусот во велешко се искачи на 188 случаи. Изминатите 24 часа во велешко има 16 нови случаи позитивни на ковид-19 а оздравени се 12. Или бројот на активни е 231 пациент.
„Вкупно во трите ковид одделенија од велешка болница се хоспитализирани 68, од кои 46 се потврдени позитивни, седум сомнителни и 15 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 38 пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница
На Инфективно одделение згрижени се 43, во Модуларната болница 17 и на Интерно осум. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |