Петар Печков
Објавено: вторник, 15 октомври 2024
За два дена два случаи на малолетничко врсничко насилство. Три деца за два дена натепале нивни врсници и познаници. Слуачите се евидентирани во полицскиот билтен на СВР БВелес.
„На 10.10.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Велес, 44 годишна мајка од Велес пријавила дека на улица „Кукушка“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
„На 11.10.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Велес, четирисет и едно годшна мајка од Велес пријавила дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници“.
Во дополнение пишува дека полициајта презема мерки за расчистување на настанот.
Родителите на децата кои стапија во контакт со ТрМр лути што првиот работен ден по пријавата на случајот, училишните служби не биле информирани, полициајта не ги запознала, не знаеле за нападите врз децата, па родителите лично ги запознавале и барале заштита.
„Децата не одат на училитеш. Стравуваме за нив инивната безебдност. Со некои од тие деца учат и нашите, нападнатите. Како тоа дете може да се чувствува пет –шест часа на училиште заедно со насилникот. Еден од нив преку викендот и му испраќаше заканувачки пораки. Од полицијата за жал немаме поддршка. Едно од напаѓачите е спортска гордост на клуб и се фалат со неговите резултати. А работат ли со него педагошки или важно е да тепа“ – велат родителите.
Фотографиите од повредените деца покажуваат со каква сила биле малтретирани, за што имаат и лекарски уверенија за тежината на повредните.
На вчера поставеното прашање до полицијата што презема за овие случаи, полицијата уште не одговорила.
Tweet |