Петар Печков
Објавено: петок, 24 април 2020
За два дена од Инфективното одделение при велешката Болнциа отпуштени се седум пациенти. Откако минаа 14 денови и примале соодветна терапија, овие лица кои имаа корона вирус, замина дома како оздравени.
Вчера четири пациенти и денес три се отпуштени, од Инфективното одделение, откако два последователни теста биле негативни на ковид-19 - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.
На ова одделение денес имало 19 пациенти, од нив 16 се позитивни а три лица ги чекаат резултатите а се згрижени оти ги имаат симптомите на ковид-19. Од Центарот за јавно здравје Велес информираа дека изминатите 24 часа не е регистриран нов случај на Ковид-19 на територијата на град Велес и има 50 активни случаи на лица со корона вирус.
Tweet |