речник контакт

За два дена на летната крводарителска акција собрани 113 крвни единици

Годишниот план од 1.861 крвна единица натфрлен, собрани се за седум месеци повеќе од две илјади крвни единици

Петар Печков

Вчера- недела и денес понеделник, во Велес се изведе големата летна крводарителска акција.  Тaа годинава беше 28-ма по ред.

За два дена се собрани  113 крвни единици, во неделата 58 а денес, понеделник 55. За два дена имало седум нови крводарители.  Организатор беше Општинската организација на Црвен крст Велес, и  ја оценуваат акцијата  како успешна.
 
„Имаше повеќе лица кои беа вакцинирани, со втора доза со „Синовак“ и тие  не можат четири седмици по приемот ан вакцината да даруваат крв. Тие беа вратени и затоа овие 113 собрани единици се максимум на овие летни горештини“ -   кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен Крст Велес. дополни дека за седум месеци годинава  собрани се повеќе од две илјади, и  веќе е исполнет годишниот план од 1.861 крвна единица  
 
Крводарителската акција се изведе во Ликовен салон во соработка со Институтот за трансфузиона медицина до Скопје,  Најуспешна беше таа во 2010-тата кога  беа собрани рекордни 383 крвни единици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »