Петар Печков
Објавено: петок, 29 мај 2020
За два месеци, колку што траеше полицискиот час, велешките полицајци на териториајта на Општина Велес, но и соседните Чашка и Градско, консатирале 111 непочитувања од страна на граѓани, кои се движеле во време на полициски час.
Ова е одговорот на поставеното прашање од ТрМр за тоа колку граѓаните беа доследни во почитувањето на уредбата со законска важност за забрана на движење во полициски час. Таа беше донесена на 22 март а укината на 26-ти мај.
СВР Велес, на територијата на Општина Велес има поднесено 111 Кривични пријави за непочитување на забраната за движење за време на полицискиот час во периодот од 22.03.2020 год. до 26.05.2020 год. - одговори Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Ваквото однесување на жителите на поширокиот велешки регион, на прес конференција го пофали министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Најдисциплинирани биле граѓаните на општините кои потпаѓаат под секторите за внатрешни работи Велес и Куманово. Најголемиот дел од поднесените 4783 кривични пријави отпаѓа на територијата на главниот град и територијата на СВР Битола - рече Чулев.
ТрМр праша и против колку лица е поднесена прекршочна пријава за непочитување на уредбата со законска важност за задолжително носење заштитна маска, во перидот од 1-ви мај до 28-ми мај.
За неносење на заштитна маска на граѓаните во периодот од 01.05.2020 год. до 28.05.2020 год. изречени се 102 прекршочни пријави - додаде Додевски.
Паричната казна која се изрекуваше во Основен суд Велес, по кривичните пријави за непочитување на полицискиот час изнесуваше 800 евра, додека прекршочната за не носење заштитнa маска паричната казна е 20 евра.
Tweet |