Петар Печков
Објавено: петок, 24 јули 2020
На денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски ги презентираше податоците од СВР Велес за бројот на казнети за не носење заштитна маска за месец јули.
Од 1 јули до вчера СВР Велес издал 196 платни налози за не носење заштитни маски од полициската станица и 265 платни налози за истиот прекршок од страна на сообраќајната полиција. Од платните налози 26 биле на територијата на Општина Чашка и 77 на територија на Општина Градско
За изминатите два дена во велешко казнети 71 лица поради не носење на заштитна маска, соопшти полицијата.
Според портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски, во средата биле констатирани 39 прекршока, во вчера четврток 32 .
Овие граѓани не ја почитувале Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитни маски.
Казната за непочитувањето е 20 евра во денарска противвредност, или ако се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.
Tweet |