Петар Печков
Објавено: петок, 25 март 2022
Првиот случај на ковид-19 во Велес беше регистриран пред две години и тоа на 25 март, со три случаи во еден ден. За изминатиот период од две години во велешко имало 9.656 случаи, некои од нив по два пати а еден сограѓанин и три пати.
За овие 24 месеци починаа 315 лица од последиците на корона вирусот.
Откако започна вакцинација во Велес, на 31 март аплицирани се 53.435 вакцини. Од нив прва доза се 21.106, втора доза 23.668 и трета доза 5.661.
Податоците се од Министерството за здравство и од Здравствен дом Велес. Податоците се однесуваат за подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско.
Tweet |