речник контакт

За две илјади ученици од средно, кои посетуваат дуално образование, од есен по 3,5 илајди денари стипендија

Иницијаторот за дуалното образование во земјава е Делегацијата на Германското стопанство во Македонија

Петар Печков

Од есен сите ученици кои посетуваат паралелки со дуално образование, ќе добиваат по 3,5 илјади денари месечен надомест, додека  најдобрите 200    ученици од  машинска и електротехничка струка, по две илјади денари месечно.

Ова го кажа министерката Мила Царовска, при денешната посета на две средни училишта од Велес, каде има или од есен ќе има паралелки со дуално образование.

„Да понудиме образование кое ќе ги носи учениците до вработување, полесно да се запишат на техничките факултети и кај овие ученици се развива претприемачкиот дух.  Овие ученици со добиеното знаење можат да основат компании и да станат работодавачи, не само вработени. Учениците оваа стипендија ќе ја добиваат девет месеци“  - рече Царовска.  

Иницијаторот за дуалното образование во земјава е   Делегацијата на Германското стопанство во Македонија. Во средното училиште Коле Неделковски во Велес, има две вакви паралелки во прва и втора година, со околу 40-тина ученици.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »