речник контакт

За ден и пол 151 казна откако започна примената на системот „Безбеден град“ во Повардарието, министерот Тошковски вели системот е за спасување човечки животи а не за полнење на Буџетот (фото)

Најголем број од овие 151 казна се за брзо возење, сами три-четири за минување на црвено на семафор. Камерите се за подрачјето на СВР Велес, за градовите Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија

Петар Печков

За 36 часа на подрачјето на СВР Велес има регистрирано 150 сообраќајни прекршоци, ова го кажа Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на промоцијата на системот „Бебзеден град“ за  Велес и Повардарието. 

„Вчера сабота регистрирани се 124 казни а денес до пладне  27 казни, или за ден и пол 151.  Ова е многу помалку од претходните бројки кои ги имавме за некои други периоди.  Велес доби и Команден центар за овој систем  кој е  во поранешни  простории на Министерството за одбрана, кои се реконструирани. Тој е за подрачјето на СВР Велес, за градовите Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија.  Најголем број  од овие 151 казна се за брзо возење,  сами три-четири за минување на црвено на семафор“ – изјави Тошковски при посетата на Велес. 

Тој им се заблагодари на граѓаните што  препознале дека системот  е во нивен интерес и силно ги почитуваат сообраќајните правила.

„Сфативме дека имплементацијата на системот „безбеден град“   е спасување на човечки животи  а не полнење на Буџет. Граѓаните  покажаа дека можат да се однесуваат Европски а при тоа  да ги видиме позитивните ефекти од него и во пракса помал број на сообраќајки, и негативните ефекти од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи“ – дополни  Тошковски. 

Илустрираше дека лани за осум месеци, заклучно со август имало 96 жртва во сообраќајна несреќа на патиштата нзи Македонија, годинава  за истиот период  имало 61 жртва.

Министерот Тошковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот  на Велес Марко Колев, претходно поставија камен темелник на подземна катна гаража во центарот  на Велес, која треба да обезбeди 100 паркинг места.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »