Петар Печков
Објавено: сабота, 20 август 2022
За денот на Општината на Чашка, денес сабота, во населбата се одржа традиционалната крводарителска акција. Крводарителите од Чашка ја докажаа уште еднаш нивната хуманост. Се даруваа 32 крвни единици. Истата се одржа во ОУ Тодор Јанев.
Акцијата заеднички ја реализираа Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Утре недела и понеделник, во Велес ќе се одржи традиционална 30-та голема летна крводарителска акција. Терминот е од 8 до 14,30 ч, а ќе се изведува во Ликовниот салон.
Tweet |