речник контакт

За денот на правосудството Oсновен суд Велес ја прошири соработка со уште две средни училишта, Гимназијата и Коле Неделковски

Меморандум за соработка имаше од минатата година и со Економското училиште Јовче Тесличков

Петар Печков

Во пресрет на Денот на правосудството 31-ви Март, заради продолжување на соработката со средните училишта во Општина Велес,Основен суд Велес   вчера склучи  Меморандуми за соработка со Гимназија Кочо Рацин од Велес и Коле Неделковски од Велес. Таков меморандум имаше од минатата година и со  Економското училиште Јовче Тесличков.
 
 „Основната цел на овие Меморандуми е овозможување на учениците од средните училишта во градот, во рамки на образовниот процес преку практична настава да се запознаат со работата на судот и стекнат потребни знаења и вештини што ќе им помогнат во нивната идна професионална определба насочена кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на судството“- кажа претседателката на Оснoвен суд Велес Лидија Димова.
 
Вклучувањето на учениците од Коле Неделковски ќе овозможи зголемен интерес за нивно вклучување во започнатиот процес на дигитализација на правосудството.
 
„На овој начин се реализираат заложбите за отворено судство и граѓанско учество со зголемен пристап на младите сограѓани во однос на работата на Основниот суд Велес, чија главна цел е зајакнување на довербата на граѓаните во остварување на заштита на нивните права“- потенцира Димова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »