речник контакт

За десет дена во Велес вакцинирани над 500 лица на возраст над 76 години, досега без реакции на вакцината против ковид-19

Вакцинацијата во Здравствен дом во Велес со АстраЗенека ќе се одвива до петок

Петар Печков

Десет дена во вакциналниот пункт на Здравствен дом Велес се одвива вакцинацијата за заштита од ковид-19. Досега таа тече без проблеми и околу 500 велешани, на возраст над 76 години ја примиле првата доза на вакцината „АстраЗенека“. Вакцинацијата ја извршуваат доктори и медицински сестри од превентивните тимови, кои работата во две смени од 8 до 18ч. од понеделник до петок.

Пациентите ќе се вакцинираат до крајот на работната недела, до петок, до кога се обезбедени вакцини за оваа возрасна категорија граѓани. Тие доаѓаат во „мој термин“ кој го добиваат од матичниот доктор. За изминатите десет дена не е регистриран ниту еден случај на несакана реакција од вакцината.

„Дневно има по 60 лица, кои се пријавиле да примат вакцина против ковид-19, Вакцинираме по 50 лица. Запазени се сите безбедносни мерки. Досега кај ниту едно лице не е појавена несакана реакција на вакцината по нивното здравје. Вакцинацијата се одвива  без забелешки и без компликации“ - кажа д-р Пандели Божиков, од службата за имунизација.  

Има случаи кога лицата кои треба да се вакцинираат, не се појавиле во закажаниот термин, но дошле следните денови и тие се примаат и се вакцинираат.  Секое лице кое е вакцинирано добива вакционален картон со кој му се закажува втората доза на вакцина, која ќе ја добие по 84 дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »