речник контакт

За десетина часа два одрони на делницата од автопатот Скопје – Велес

Првата беше во тунелот Бадар а втората после бензинската на Детоил

Петар Печков

За десетина часа два големи дорони на автопатот коридор 10, делница Скопје – Велес. Првата се случи синоќа, околу 19ч. кога во тунелот кај  Катланово, тунелот Бадар  бил забележан одрон. Тој бил исчистен во 20:40 часот и сообраќајот се одвива нормално, извести  Македонијапат.  

Утринава од 08.40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километри после БП „Детоил“ сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри. Од 10:30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес беше исчистен, сообраќајот се нормализираше и се одвива по две коловозни ленти, соопшти АМСМ.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »