Петар Печков
Објавено: сабота, 07 февруари 2026
Велешкаата полиција во денешниот билтен, информираше дека се одземени пет возила, бидејќи лицата кои ги управувале немале возачка дозвола. Три биле во Велес и две во Тиквешијата, Кавадарци и Неготино.
На 6 февруари во 12:05 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.К.(54 год) од Велес. При контрола на патниот сообраќај било сопрено патничко возило „матиз“ со велешки регистарски ознаки, што го управувал С.К., при што било констатирано дека возилото го управува без да поседува возачка дозвола.
На 6 февруари во 19:40 часот, на магистрален пат Езеро Младост- Велес, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода Д.Ѓ.(22 год) од Велес. При контрола на патниот сообраќај било сопрено патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ѓ., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.
На 6 февруари во 21:50 часот, на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Г.(30 год) од Скопје. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Г., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.
На 6 февруари во 20:45 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.И.(20) од село Возарци, кавадаречко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.И., при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува возачка дозвола.
На 7 февруариво 01:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(25 год) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, било сопрено патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал А.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта, а било утврдено и дека не поседува возачка дозвола.
Во сите пет случаи, по насоки на јавен обвинител, возачите биле задржани во полициска станица, а возилата одезмени и по целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото МВР
| Tweet |




