речник контакт

За еден месец, две жртви под Вршник

Двајца велешани трагично ги завршија животите во карпестиот дел под Вршник

Петар Печков

          За помалку од еден месец двајца велешани трагично загинаа, во карпестиот дел на околината на градот,  во месноста викана Вршник.  Така пролетните прошетки за две лица беа фатални. И Томе Атанасов (43 год)  и Димчо Христов ( 70 год) имаа заедничка тажна судбина, паднаа од бројните високи  карпи, по лошиот варовнички терен, во близината на Велес. Познавачите на теренот каде се случија несреќите велат дека во овој дел од пролетта, берачите на лековити треви и сточарите кои таму ги пасат животните, најмногу страдаат.

Од задната страна на ридот  Вршник е многу стрмно и теренот е многу лош, стрмен. Посебно кога е заврнато а тревата лизгава, можни се несреќи. Чудни се локациите каде се случија несреќите. Високи карпи, опасни места, така што и мало невнимание е причина за  можна несреќа - вели Драган Петковски искусен планинар.

Тој околината на градот ја познава  како на дланка и овој простор го минел стотина пати и затоа му е чудно што овие двајца негови сограѓани се нашле таму. Во полициските документи стои дека и во двата случаи, кај Томе и Димчо, имало  пронајдено одредено количество алкохол, што најверојатно се покажало кобно за нив.  Тој не ја исклучува можност дека тие отишле да берат од лековите тревки кои секоја пролет ги има во овој дел и важи за чиста животна средина, бидејќи е заштитен од влијанието на Топилницата.

По ваков терен тешко се движи човек а згора на тоа  ако има нешто и пивнато, тоа е вистински подвиг да се оди  по угорнина или надолнина. Можеби отишле да берат лековита тревка, но морале да внимаваат кога се нашле на карпестиот дел. Потребно е надлежните  институции да ги советуваат сточарите, берачите на лековите билки во овој период, кога тие излегуваат на терен, како и каде  да се движат. Тоа е многу важно заради безбедноста на луѓето. Во овие два случаи тоа се покажа дека најважно – објаснува Драган.

Безживотно тело на старецот Димчо Христов беше пронајдено кај местото „Плочите“, во   близина на реката „Тополка“,  кај шеста воденица. Полицијата  се сомнева дека тој  паднал од карпите од височина од 25 до 30 метри и починал.  Димчо ги пасел  овците кои критичната вечер сами се вратиле дома сами се вратиле, по што започнала потрага. Неговото тело е пронајдено по два дена  трети а  лекар по извршен е преглед, утврдил  дека смртта настапила како последица на повредите здобиени при паѓањето.

Претходно  пред неполн месец во месноста викана „Под Вршник“пронајдено е починато лице, при што е констатирано дека се работи за Томе Атанасов (43) од Велес. Дежурниот патолог констатирал дека починал од повреди здобиени од пад. Телото било пронајдено во близина на карпи високи десетина метри.

Димчо Христов неговите деца ги прехранувал со одгледување и чување стока. Но по смртта на старецот, двете деца син и ќерка, лица со посебни потреби на 30-тина години возраст, сега се оставени сами на себе, бидејќи нивната мајка е одамна почината.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »