речник контакт

За еден милион евра продадени дел од хотелите Кристал, Куманово и КУ-БА во Куманово

Тие се сопственост на АД Бисерка во стечај, стечајна постапка која се води во Основен суд Велес

Петар Печков

Фирмата „Југоопрема А.Д. Скопје купи дел имотот на АД Бисерка во стечај на јавниот повик, а  на Собранието на доверители одржано во Основен суд Велес , нивната понуда за трите пакети во вкупен износ од околу еден  милион евра,  ја прифати за најповолна.  

Стечајниот управник Ацо Петров  кажа дека првиот пакет,  кој е за приземјето на некогашниот хотел „Куманово“ со површина од 349 м2 е продаден за 20.5 милиони денари - што е 84 отсто од проценетата вредност. Вториот пакет е за хотел „Кристал“, во кој спаѓа подрумот и приземниот дел на хотелот со површина од 1.585 м2 е продаден за 46,5 милиони денари - 76% од проценетата вредност. Додека за третиот пакет, помошните простории на хотел КУ-БА со површина од 334 м2, кои некогаш се користеле како соблекувална на отворениот базен, продадени се за 2,6 милиони денари  што е 82% од проценетата вредност.

На Собранието на доверители  присуствуваа 74 отсто од доверителите со признаено признато  право на глас. Доминантен сопственик, во името на државата беше Државниот правобранител, Дејан Трајчевски, кој кажа дека ги прифаќа сите понудени цени за трите пакети. Потоа и претставниците на  Фондот на ПИОМ, на ФЗО, Бучен Козјак дадоа поддршка за продажба на имотот.  

Во рок од осум дена по приемот на решението, „Југоопрема“ АД Скопје треба да ги уплати средствата  зголемени со ДДВ и стане сопственик на овие објекти.   Ова беше втора продажба на овие објекти, првата поради ниската цена, од страна на доверителите не беше прифатена. Доверителите изразија задоволство што после 10 години конечно започна продажба на имотот на АД Бисерка во стечај.  Предметот, заедно со тој на АД Житомел од Куманово, во 2013 година беа делегирани во Основен суд Велес.

Имотот на АД Бисерка се наоѓа на атрактивни локации во центарот на Куманово, а со години се распаѓа, сега добива сопственици. Досега целосно е приватизиран хотелот Куманово, продадена е и кафеаната „Ловец“, додека останатиот имот на Кристал, КУ-БА и другите објекти, ќе се продаваат дополнително. Иако осум години има правосилна судска пресуда за сопственоста, катастарот   не го  враќа тој имот во сопственост на АД Бисерка во стечај и  не може да се продава.

Во хотелот Кристал подолго време живеат бездомници и корисници на дрога, кои често пати
предизвикуваа пожар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »