речник контакт

За една година во Здравствен дом Велес аплицирани 53.508 вакцини против ковид-19

Пунктот во Здравствен дом започна со работа на 31 март 2021-ва и таму се уште се аплицира вакцина против ковид-19

Петар Печков

За една година откако постои вакциналниот пункт против ковид-9 во Велес  аплицирани се  53.508 вакцини.  Од нив прва доза се 24.110, втора  23.670 и трета доза 5.728  вакцини. Ова се податоци добиени до Здравствен дом Велес., каде што работи и овој вакцинален пункт. Тој започна со работа на 31 март минатата година.

„Вакцинацијата на сите заинтересирани продолжува и натаму секој работен ден во терминот од 8 до 14 часот. Се аплицираат во прва и втора доза Фајзер и Синовак, додека според укажувањата од Министерството за здравство, трета доза е исклучиво Фајзер“ - кажа д-р- Марина Тодоровска координатор за вакцинацијата против ковид-19 во Велес.

Од досега за една година аплицираните 53.508 вакцини,  најмногу 26.407 се Фајзер, 13.797 се Синовак,  Астра Зенека се 7097 и Синофарм 6.207.

Во Здравствен дом се аплицираа вакцини освен за жителите не Велес и на соседните општини Лозово, Градско и Чашка. А во првите денови од работата на пунктот за масовна вакцинација доаѓаа жители кои беа повикани и од Гевгелија и Неготино. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »