Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јуни 2015
47-те засадени палми на повеќе локации во Велес, ја загреаја политичката дебата и сцена во градот. Реагираше опозицијата, за која овој потег е недомаќинско трошење и непродуктивно расфрлање со пари, за дрвја кои не припаќаат климатски на градот.
Во Велес има поприоритени проблеми за решавање отколку садење на палми. Нив ги нема во ниту една програма најавено и планирано - изјави Весна Богоевска Стојановска портпарол на СДСМ. од Велес
Одговорот стигна бргу од градоначалникот Славчо Чадиев, кој информираше дека засадените палми се донација на ЈП Македонски шуми.
Вакви дрвја ги красат улиците на многу Европски градови. Ги има и во Берлин, Прага, Варшава, Хамбург, Брегенс, Дизелдорф, каде има поостра клима, со повеќе снег, има засадено многу повеќе, со стотици палми - изjaви Чадиев.
Од ЈП Македонски шуми информираа дека овие влакнести палми засадени во Велес, можат да преживеат температури до -30.
Tweet |