речник контакт

За квалитетот на работата на Основен суд Велес

Лани решени 4,4 илјади предмети поголемиот дел се предмети без правен лек на жалба

Петар Печков

Според податоците од извештајот за 2016 година во однос на квалитетот на пресудите на Основен суд Велес, лани во ова судска институција биле решени 4,431 предмет. Од тоа биле потврдени пред Апелација 15 отсто или 665, вратени  165 или 3,7 отсто а преиначени  35 што е помалку од 1 отсто или 0,8 од вкупниот број.    

За јавноста е важно дека  квалитетот е пресметан на вкупно решените  предмети, вклучувајќи ги и предметите повторно во работа и тоа на потврдени, укинати и преиначени одлуки.  

Последните години не се пресметува од предмети упатени на Апелација а потоа потврдени или вратени, сега се пресметува на вкупниот број на предмети сработени во судот и од судија. 

Во решените предмети не се сметаат предметите по кои не е дозволен правен лек и тоа предметите од уписниците. Тоа се:
КИ – истрага;  К-ООА -оцена на обвинителен акт (нема одлука); ОИД -нема ваков уписник сега по стар ЗКП истражни дејствија , К-ПП- претходна постапка -наредби се издаваат; КНЗД - утврдување на незаконски дејствија;  УОСК - овластено следење на комуникации - со наредба; КУК- решава кривичен совет вонредно преиспитување на правосилна пресуда; КП - помилување (нема одлука);  ЕК – екстрадиција;  КР-уверенија;  ЗАМ-К - замолница во кривично;  КУИКП - за осудени лица на казна затвор;  КУИКМ - малолетнички затвор и воспитни мерки; ИКП- извршување на кривични казни и трошоци во постапка; ИПРК - извршување на прекршочни санкции; ИСАМ - извршување на мерки на безбедност (пр. одземање на возачка дозвола  и др; ИОИП - извршување на пресуди во кои има одземено предмети: ПЛ-П - платен налог помеѓу физички лица каде само се дозволува (нема одлука);  ПЛ-ТС- платен налог помеѓу правни лица каде само се дозволува (нема одлука);    ЗАВ- заверка на договори;  ЗАВ-Х заверка на исправи Апостиле;  ПОМ-замолми граѓански; ЗАМ-С-замолници (од Министерство за правда); ПЛЖ- приговор против платен налог на нотар; ИДС- издавање на дозвола за влез во стан на должник (при спроведување на извршување од извршител); ПСО - признавање  странска судска одлука; О1-приговор на решение на оставина на нотар; оставински предмети решени од нотари и оставински предмети решени од страна на судот по чл.165 од ЗВП, согласно Законот за судски совет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »