Петар Печков
Објавено: сабота, 17 декември 2011
Најскап се билетите во хотел Романтик и бродот Панини, каде билетот чини 2.100 денари. Гостите во хотелот ќе ги забавува група Феникс и Ратка Коцева а на бродот музичката придружба е на група Акорди и Елизабета.
Ако е решите да одите на дочек во мотел Македонија ќе платите 1.700 денари а гости се група Рандеву и пеачката Милена. Во Деспина цената е 1.400 денари со жива свирка,1350 е во Розе сала со гости група Кајшар бенд.
На мотелот на Велешко цената е 1300 денари и свират Виртус. Во кафеаната ,,Кај Димче,, цената е 1.200 денари. Во ресторан Снупи дочекот чини 1.100 денари додека нејефтино е во Сина сала каде цената е 1.000 денари.
На Вас останува да се распрашате колку во цената имате пијалок ако се решите да одите за најлудата ноќ во некој велешки објект.
Дочек на 2012 ќе има и во клубот Импакт каде цената е 500,600,700 денари. Бакшишот на музичарите е дополнителен трошок. Цените се за еден билет, да нема забуни.
Tweet |