речник контакт

За наградата во Москва и за театарското лето

Директорот Крстевски најави две премиери летово Сомнително лице и Лисистрата, како и повеќе гостувања- Скопје, Прилеп, Трговиште - Бугарија

Петар Печков

Велешките актери  добија  две  награди на Интернационалниот театарски фестивал "Руска класика"-Лобња во Москва, Русија,  за најдобра странска претстава и најдобар актерски ансамбл. Тие учествуваа со претставата ,,Вдовицата се мажи,, според текстот ,,Мечка,, од чехов.  За впечатоците од Москва, со директорот на велешки театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.  

Ова се признанија не само за велешкиот театар, туку и македонскиот. Фестивалот беше насловен ,,Руска класика,, или дела од руските класици. Понудивме современо гледање на Чехов, што беше изненадувње за гледачите, жирито, критиката. Така познатата руска критичарка Ана Кузнецова  рече  дека гледала многу гостувања на театри од странство со класични руски класици, кои биле вредни и убаво спакувани. Имало две можности или публиката станувала да си оди  или критиката ги прави сол. Во нашата претстава, уште од првата минута публиката ја сфати приказната и воспостави флуид, почна да навива да се смее и покрај јазичната бариера. Претставите на велешки тетар се играат со голема енергија.    Кузнецова која има 86 години  рече дека ваква енергија досега не видела на сцената и такво толкување на Чехов, иако гледала стотици изведби.  Како автори на претставата не бевме свесни што држиме в раце, отидовме настрана за да ни кажат колку вредиме - објасни директорот  на ЦУК Младен Крстевски.   

Најави дека со истата претстава ,,Вдовицата се мажи,, имаат покана да гостуваат во Сибир, Санкт Петерсбург и во Шпанија. Иако започнува летната сезона, актерите не мируваат се подготвуваат неколку претстави за наредниот период.

,,Сомнително лице,, се надеваме дека околу 18-ти ќе има премиера и нудиме нова комедија  Пред некој ден стаса режисерот Казачјан од Грузија. Тоа ќе биде ново современо видување бидејќи е сместена во бордел и ќе предизвика внимание.  На 13-ти јуни сме во официјална програма на фесивалот ,,Војдан Чернодрински,, со ,,Тоалет за дами,, На 19-ти гостуваме во Скопје на фестивалот Гола месечина со ,,Синиот портокал,,  На 21-ви јуни  ,, ќе настапиме во Трговиште - Бугарија со ,,Театар љубов моја,, тоа е ново гостување во странство овој пат на затворањето на националниот фестивал. Не поканија оти претставата е работена по текст на бугарскиот автот Валери Петров. За  Фестивалот на античка драма во план сме да работиме две малечки  полноќни претстави- најави Крстевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »