речник контакт

За настапот на Oakenfold

Видување на my man Колев за Oakey

Зоран Николов

Некаде после минатогодишниот настап на Tiesto на Скопски Саем, се рашири и веста за скорешно гостување на уште едно големо име на електронската музика, неговото Височество Paul Oakenfold. Набрзо потоа веста стана и официјална па со душа чекав да го доживеам и тоа, во живо да го проследам настапот на DJ-от кој веќе подолго време го сметам за No 1. А токму музичкиот диверзитет кој го има во неговите миксови ( drumm ‘n bass, trance, hip-hop, techno, обработки на Radiohead...) создаде уште поголема нетрпеливост. Како ли ќе изгледа овојпат неговиот сет? И конечно Денот “Д”. Paul Oakenfold во Скопје на дочек на нова година, која bytheway сватив дека стварно може да се падне на Петок 13 (ама само ако е стара) . И пошто хартијата трпи се, а богами и интернетот, ќе си земам за слобода да дадам мое видување за овој настан, неодминливо споредувајќи го со сличните на него од минатата година, особено со настанот број 1 - DJ Tiesto. Прв впечаток при влегувањето во халата беше значително помалиот број на посетеност. За разлика од Tiesto овде комотно можеше да ја свртиш главата без да се залапаш со комшијата. Очигледно многумина од тогаш присутните сметаат дека дочек на нова година НЕ БИВА БЕЗ ТУРБО, па макар и да е стара. Уствари често и ги слушам по студентските домови како го миксаат со големите ѕвезди на ГРАНД. Сепак присутната публика знаеше каде е дојдена што се покажа од самото застанување на Oakey зад микс пултот. Изборот на музика, не толку оригинален колку што знае за него да биде, но сепак карактеристично енергичен, со ритам што ти мава право во кичма. Иако сум противник на грубо класифицирање на правците во електронската музика, би р?кол дека се движеше во рамките на популарните т.н. euro-trance и progressive trance. Но далеку поандерграунд од суперкомерцијалниот настап на Tiesto. Имено во сетот на Oakenfold имаше две до три траки со вокали меѓу кои неизбежниот негов хит Southern sun. Дека и Tiesto е на самиот врв (и покрај катастрофалните настапи во последно време) покажа отстапувајќи место и на неговата Traffic (а не Just Be). Прекрасното музичко патување траеше релативно кратко 2 часа, но доволно за да потврди дека Paul Oakenfold е дефинитивно No 1 во моментов, или да цитирам еден мој почитуван собеседник “Се гледа кој од кого учел”. Можеби ќе речете дека ја забегав, ама тоа е моето мислење, а за вашето се надевам на коментари. Веднаш потоа уште едно пријатно доживување – настапот на Lucca, девојката која изгледа фантастично, а врти плочи три пати подобро од тоа. Се надевам дека во 2006 ќе можеме да присуствуваме на нејзин настап како главен DJ, а не како after party. Девојката дефинитивно го заслужува тоа. Би сакал и таа да биде role model за девојкиве овдека, а не разни пинкици и планетици, ама за тоа... Да не заборавам да го пофалам и настапот на се подобриот Бабура кој стана стандардно добро загревање за оваквите ѕвезди во електронската музика. А за да се одржи традицијата на суеверие кај нашиот народ, во случајов во врска со баксузлукот на Петок 13, се погрижија кој друг ако не нашите власти. Ама не преку министерството за култура, туку преку пазарниот инспекторат кој забрани продажба на пијалоци, бидејќи Скопски саем не бил регистриран за таква дејност (веројатно е регистриран за да дехидрира 3000 луѓе). Би сакал да ја видам регистрацијата на Битпазар за продажба на кашикари, а вие?

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »