речник контакт

За најголемата пирамида во светот, мислеле дека е планина

Големата пирамида во Чолула - Мексико, поголема од таа во Гиза

Петар Печков

Кога Ернан Кортес и неговата армија, отрпнати од војување со домородците, прегладнети и заболени од егзотични болести, дошле во Чолула со очекувања за нов крвав поход, биле пречекани од мирољубив народ со склоност кон градење светилишта, наместо складишта за оружје. 

Но, овие луѓе и нивните пирамиди отишле во заборав, откако конквистадорите убиле голем процент од локалното население, им ги ограбиле храмовите и го уништиле градот. Сепак, се верува дека една пирамида изѕидана од ќерпич (непечена тула) и кал, била покриена од густа вегетација и долго време била сметана за планина, сè додека локалците не започнале да градат душевна болница во 1910 година, кога и бил откриен овој најголем изграден споменик на сите времиња во светот. 

Тлачиуалтепетл (во превод, планина изградена од луѓе), или Големата пирамида во Чолула е висока повеќе од 60 метри, а широка речиси 460 метри, надвишувајќи ја Големата пирамида во Гиза. Откако Шпанците се населиле во Чолула, ја продолжиле традицијата на градење свети храмови, па така денес има барем по една црква за секој ден во годината. Но, со изградбата на Iglesia de Nuestra Señora de los Remediosa (симбол на нивниот христијански поход) на она што го сметале за брдо, тие, всушност, поставиле еден вид “украс” врз древна пирамида. 

До 1910 година и почетокот на изградбата на душевната болница, никој не знаел за постоењето на древната пирамида. Кога Кортес дошол во градот, таа веќе била 1000 години сокриена под густата вегетација. Многу малку се знае за историјата на оваа пирамида. Се смета дека е изградена 300 г. п.н.е, од непознат градител. Она што е најинтересно е дека, најверојатно, не се работи само за една, туку за шест пирамиди,една врз друга, како моделот на руските матрјошки. Била надградувана од секоја наредна цивилизација.

Pечиси 500 години по колонијалните освојувања, Мексико се соочува со нова инвазија, но овој пат од љубопитни туристи, кои имаат прилика да ги истражуваат пирамидите преку внатрешни тунели, конструирани во раниот 20 век.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »