Петар Печков
Објавено: четврток, 27 септември 2018
На неделниот референдум според Државната изборна комиси запишани се 1.806.336 гласачи кои имаат право на глас. Во Општина Велес запишани се 44.706 и 1.404 со право на глас а се времено во странство. Во Општина Чашка запишани се 5.789 гласачи и 216 лица времено престојуваат во странство. Во Општина Градско има запишано 3.029 гласачи и 106 лица кои времено престојуваат во странство. Во Општина Лозово има запишано 1.951 гласач и 84 лица кои се времен престој во странство.
За разлика од парламентарни избори, локалните избори од пред една и две години осетно е намален бројот на болни. На територијата на ОИК Велес има пријавено 13 болни но иако има 2 лица кои се на домашен притвор тие не се пријавиле за гласање. На територијата на ОИК Чашка има 45 болни, на територијата на ОИК Градско има 14 болни и на територијата на ОИК Лозово има тројца болни. Споредбено за локалните избори во Oпшина Велес за 2013-та имаше пријавено 980 болни лица.
Tweet |