Петар Печков
Објавено: среда, 09 септември 2026
Од билтенот на СВР Велес за 8 септември.
На 8 септември во 21:30 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот во Велес бил пронајден починат М.Т.(66 год) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
На 8 септември во 13:20 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Петре Милевски“ во Велес, во своето возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, бил пронајден почнат Д.Т.(61 год) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, и во двата случаи телото на починатите биле дадени на обдукција, да се открие причината за смртта.
| Tweet |




