Петар Печков
Објавено: среда, 22 јануари 2020
Велешанецот З.Д. доби десет години затвор за обљуба, кое се случи пред осум години. На обвинетиот му се судеше во отсуство, бидејќи тој е во бегство, не е достапен на органите на прогон а пресудата не е правосилна.
Обвинетиот е чичко на оштетената која е лице со лесна попреченост. З.Д. е прогласен за виновен за кривичното дело ,, Обљуба врз немоќно лице,, .
Настанот се случил на пладне на 9-ти ноември 2011-та година кога девојката имала 18 години а се дознало, откако оштетената девојка завршила на гинеколошкото одделение на ЈЗУ Општа Болница Велес, поради силно крвавење и добиени повреди.
Според пресудата З.Д. кој е брат на очувот на девојката, го злоупотребил заостанатиот душевен развој извршил обљуба на оштетената, нанесувајќи тешка телесна повреда, за што му е изречена казна во траење од 10 години затвор.
Tweet |