речник контакт

За оваа седмица велешани не добија термини за бесплатна вакцинација од сезонски грип

Нема ниту комерцијална вакцина во Центарот за јавно здравје

Петар Печков

Во петокот попладне за пациентите од Велес немало добиено слободен „Мој термин“ за бесплатно вакцинирање од сезонски грип. За ова реагираат пациентите од градот, од ранливите категории, кој кога денес побарале информација, од нивните доктори, им било кажано дека термини нема, нема ниту вакцина.    

Немаше термини за вакцинирање. Дали нема вакцина, дали пак целата на вакцинацијата е промашена, оти досега како доктор не помнам во декември да се вршела вакцинација, немам информација. Пациентите се гневни, се закануваат дека ќе се испишат, ќе одат кај друг доктор, а не е до нас. Календарот за вакцинација за сезонски грип, предвидуваа тоа да се прави во октомври и номеври. Ако за една вакцина треба да мине, еден месец за да се создадат антитела, тогаш од неа корист ќе има дури после Нова година- вели матичен доктор од Велес.  

Од  велешкиот Здравен дом потврдија дека не добиле вакцина против сезонски грип, но дека имало најави за средината на неделава.

Да нема вакцини,нема термини, чекаме да добиеме оваа недела. Имунитет се создава за две до три седмици.  Грипот го има и во март и април, се е на време, нема ништо спорно - рече д-р Пандели Божиков, раководител на службата за имунизација на училишни деца при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Откако почна вакцинација во Велес против сезонски грип,бесплатно се вакцинирани се околу 400 лица од здравствено ранливите категории, толку термини изборија матичните доктори за нивните пациенти.  Комерцијалната вакцинација уште не е почната во Центарот за јавно здравје Велес, кој ги покрива и градовите од Повардарјето, Кавадарци, Неготино , Гевгелија како и Свети Николе. Директорката  Анастасија Иванова, на прашањето кога ќе се случи, изјави „кога ќе започне ќе ве информирам“. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »