Петар Печков
Објавено: вторник, 01 септември 2020
За пет дена 87 граѓани казнети оти не носеле заштитна маска, по јавните простори во Велес, соопшти полицијата.
Најмногу ги имало во саботата на 29-ти август 32 а најмалку во петокот на 28-ми и вчера, понеделник 31-ви по девет. На 27-ми-четврток имало регистрирано 14 лица кои ја прекршиле уредбата на Владата за задолжително носење заштитна маска и во неделата на 30-ти имало 23 случаи.
Во истиот период во Кавадарци имало 54 случаи, четвртокот на 27-ми -осум, петокот на 28-ми девет, саботата 16, неделата седум и вчера понеделник 14 случаи.
Во Неготино полицијата за овие пет дена казнила 28 лица. По денови, во четвртокот на 27-ми десет, петокот две, саботата нема изречени казни, неделата две и вчера понеделник 14 лица се казнети за не носење заштитна маска на јавен простор.
Казната за ова е 20 евра во денарска противвредност, а доколку се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.
Tweet |