речник контакт

За пет дена фатени пет групи на дрвокрадци во велешко

Од 15 Септември до 18 Септември, СВР Велес во пет наврата затекнале повеќе лица при бесправен превоз на огревни дрва, при што одземена е поголема количина дабови огревни дрва без жиг и без соодветна документација.

Петар Печков

СВР Велес  изминатиоѕ период спроврл повеќе контроли од областа на Законот за шуми, се со цел, спречување и фаќање на сторителите кои вршат шумски кражби и  бесправен превоз на огревни дрва.

Од 15 Септември до 18 Септември, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес во пет наврата затекнале  повеќе лица при бесправен превоз на огревни дрва, при што одземена е поголема количина дабови огревни дрва без жиг и без соодветна документација.

На ден 15.09.2012 година во 21,15час. кај м.в. „Пашин Мост“ од страна на полициски службеници при контрола затекнато е лицето С.М. (28) од село Согле , како со камион  марка „Мерцедес“ врши бесправен превоз на  четири м3 дабови огревни дрва без жиг и без соодветна документација. 

На ден 18.09.2012 година во 2 час. во населба Превалец во близина на железничкиот премин, затекнато е лицето Б.Н. (33) од Велес и сопатникот Т.Б. (41) од Велес како со ТМВ марка „Застава“ превезуваат  шест м3 дабови огревни дрва без соодветна документација.

Истиот ден во 15,15час. на патот Велес- село Раштани, во близина на фабрика Киро Ќучук затекнато е лицето М.Л. (30) и сопатникот Р.И. (37) и двајцата од село Бузалково, како со камион марка „Фап“ превезуваат десет м3 дабови огревни дрва без соодветна документација.
 Во сите случаи возилата и дрвата со Потврда се одземени и предадени во Шумска полиција.

На 18.09.2012 година во времето од 11-16час. во содејство со Шумска полиција извршена е акциска контрола во атарот на село Степанци кај м.в. „Дервен“ , при што затекнато е лицето С.Ш. (19) од Прилеп од кого се одземени моторна и рачна пила. При акцијата пронајдени се и два патнички автомобила марка Лада во кои имало натоварено дрва, кои се одземени и предадени во Шумска полиција. Се работи на утврдување на идентитетот на лицата кои ги управувале патничките автомобили, по што ќе следат соодветни мерки.

За сите пет случаја, предметите и комплетната документација биле предадени во Шумска полиција која е надлежна за Законот за шуми, заради поднесување соодветни пријави.  Од СВР Велес  најавуваат дека заедно  со Шумската полиција и понатаму ќе продолжат со редовните контроли од областа на Законот за шуми се со цел спречување на извршување кривични дела или прекршоци односно, редуцирање на појавата на шумски кражби и бесправен превоз на огревни дрва.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »