Петар Печков
Објавено: петок, 19 февруари 2021
По улиците низ градот, во текот на вчерашниот ден, четврток, била спроведен акциска контрола за прекршоци кои ги прават пешаците. Било контролирано небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците, движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз.
„На 18-ти февруари на подрачјето на СВР Велес, во терминот од 8 до 12ч. била спроведена акциска контрола на прекршоци кои ги прават пешаците. Притоа, биле регистрирани 32 прекршоци, од кои 19 во Велес, седум во Кавадарци и шест во Неготино, кои се санкционирани со соодветни пријави“ - информираа од МВР.
За споредба, вчера вакви контроли имало и во повеќе македонски градови, при тоа во Тетово биле констатирани 26 прекршока, во Гостивар 11, Во Штип 36 и во Струмица 25.
Tweet |