Петар Печков
Објавено: недела, 15 јануари 2023
Денес, недела, се одржа крводарителска акција, во организација на Општинскиот Црвен крст од Велес и Заводот за транссфузиона медицина од Скопје.
Се реализираше во фоајето на велешки театар. Се собраа 86 крвни единици.
„Ова е прва годинешна акција. Таа е успешна, очекуваме околу 80 дарувања а се собраа повеќе. Благодарност до дарителите“ - кажа Орце Николов,секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Од 86 лица кои дарувале крв, две се првократни дарители.
Tweet |