речник контакт

За прв пат после деценија зголемен е бројот на новороденчиња во Велес и велешко

И додека во Велес минатата година порасна бројот на новороденчиња, опадна по селата во велешко и во Општина Чашка

Петар Печков

Лани градот во Велес но и во велешко е зголемен бројот на родени  бебиња, споредено со  година дена претходно. Така во Велес имало 348 новороденчиња, што е за 54 бебиња повеќе од 2020-та, додека во велешко има 542 наспроти 512 во годината пред тоа. 

Споредено со претходните години кога беше забележлив трендот на постојано опаѓање на новородените бебиња во велешко, за прв пат по десет години, во 2021-ва бројот на новороденчиња во Велес и велешко е во пораст. Ова се податоците од  ЈЗУ Здравствен дом Велес, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца, каде новороденчињата  се евидентираат по местото на живеење.

Опаднат  е бројот на новороденчиња од селата во Општина Велес, 68 наспроти 90 од пред една година, како и во Општина Чашка 106  бебиња или осум помалку од година пред тоа. Во Општина Градско има 20 бебиња,  четири повеќе од 2020-та.

Во градот Велес повеќето од новороденчињата се машки177 наспроти 171 женско, во селата бројот е идентична по 34, исто како и во општина  Градско по 10, додека во  општина Чашка се 55 машки и 51 женско бебе.

Значаен дел од новороденчињата од Велес 119, една третина се родени во Скопје, однос што е присутен последните неколку години. Има бебиња родено и во Битола, Кавадарци по три, и по едно во Штип и Струмица.  Повеќето  од бебињата од велешки села се родени во Велес -52 а дел во Скопје -16. Новороденчињата од Општина Градско освен во Велес -11 се раѓаат во Скопје -5, Кавадарци-3 и Струмица-1. Тие од Општина Чашка се родиле  во Велес -81, во Скопје 21, и Тетово и Битола по едно. Во оваа општина две бебиња се родиле дома.  

„Од година во година имаме помалку родилки од Повардарјето, повеќето се од Велес и Свети Николе. Кога дојдов на одделение, пред 35 години, помнам дека имавме годишно 1,4 илјади породувања, сега се 400. Трудниците можат да дојдат, безбедно да се породат на ова одделение, да имаат здрав пород,  тие да се здрави и живи и среќни да заминат дома  со бебето“ - вели гинеколог  прим. д-р Атанас Василев.

Лани на акушерското одделение од велешка Болница  се родиле 396 бебиња, што  е за  16 помалку до 2020-та кога се  родиле 412 бебиња. Во 2019-тата родени се 473 новороденчиња, во 2018-та имало 505,  во 2017-та во велешката болница се родиле 649 бебиња а во 2016-та 651 бебе.   На ова одделение  се породуваат родилки освен од Велес , од Чашка, Градско и Лозово но и од Свети Николе.

Еве каква е состојбата  во 2014-та година, од кота за прв пат ТрМр почна да ги објавува податоците за родени место на живеење,  имало  461 родени бебиња  во Велес, во селата 96,  во Градско  39, во Чашка 142 родени бебиња. И од оваа година секоја се намалува бројот на нов родени бебиња, освен мината 2021-ва кога има зголемување.

За потсетување мината година во Велес имаше склопено 355 брака, што е далеку повеќе отколку во 2020-та со 263 .

при користењето на податоците и преземањето, задолжително да се посочи дека анализата е  на порталот Тирековмирече

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »