Петар Печков
Објавено: петок, 04 март 2011
Не мало изненддување беше кога во материјалите за 37-та седнциа на Советот на Општина Велес, иако беше поставена немаше материјал за извештајот за работата на Полициската станица Велес во 2010-тата година. Дури пред самиот почеток на седницата е добиена информацијата дека оваа точка е со доверлив карактер, па истата ќе биде затворена за јавноста.
Годишниот извештај кој СВР Велес ни го достави за работа на оваа седница е материјал од доверлив карактер. Согласно Законот за локална самоуправа, Статутот за работа на Советот на Општина Велес и Деловникот за работа на Советот на Општина Велес, такви материјали од доверлив карактер, се претресуваа без присуство на јавноста. За тоа претседавачот ја известува јавноста, што еве на овој начин и го правам - изјави Славчо Чадиев претседавач на Совеот на општина Велес. За таквата работа треба да се изјаснат две третини од советниците, дали да се исклучи јавноста.
При разгледувањето на оваа точка, нема да се снима и емитува на локалната телевизија, ниту ќе има присутни известувачи од медиумите во прес центарот. Советниците имаат законска обврска две години да не зборуват за оваа точка во јавноста, во спротивно кривично ќе бидат гонети.
Од СВР Велес дадоа дополниелно објаснување, дека минатите години кога оваа точка се разгледуваше, таа била информација а сега е извештај, кој има доверлив карактер и затоа се бара исклучување на јавноста.
Tweet |