Петар Печков
Објавено: среда, 08 ноември 2023
Документарецот „ Моите, твоите, нашите улици“ е проект на УНДП со кој младите од три града во земја, Битола, Струга и Велес, зборуваат за нивните искуства со прифаќањата на луѓето со различностите, било да е полова, национална, верска. Или кратко за предрасудите, наследени од претходните генерации, стекнати во текот на животот од средината каде се живее, минува времето, училиштето, соучениците, другарите, маалото. Како младите се борат со нив, каков е нивниот став кон животот.
Предрасудите за различностите во новото време се најчесто слични во повеќето средини, според начинот на живот, по економскиот статус, парите. Кој каков мобилен има, каков мотор или автомобил вози. Разликите се невидливи, бидејќи станале секојдневие од животот, на кои малку обрнуваме внимание. Но лесно се препознаваат, ако размислуваме за нивното присуство. Прашањето е како тие да се надминат, оти сепак се присутни, сакале да признаеме или не.
Во овој документарен филм „ Моите, твоите, нашите улици“, се зборува токму за тоа, предрасудите, различностите колку тие се присутни во животот на младите, но и како да се решат проблемите кои ги создаваат.
Како младите од Велес гледаат на различностите, кои тие ги дефинираат пред се како економски, дали некој има пари, има помалку или нема пари. Градот кој силно го тресна транзицијата, која ја почувствуваа нивните родители, како тоа се одразува во животот на младата генерација, која за тоа не знае, но слушнала и уште слуша од постарите.
Документарецот во траење од 25 минути донесува мноштво сведочења за различностите, кое го раскажуваат младите, за да заклучат дека на крајот на денот, сепак сите сме луѓе.
Документарниот филм „„Моите, твоите, нашите улици“ можете да го гледате тука.
ПР текст
Tweet |