Петар Печков
Објавено: среда, 06 април 2016
Поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот ќе се обновува. За таа цел преставништвото на ОН во Македонија УНДП и Општина Велес, потпишале договор, грант за реконструкција на надворешноста на зградата.
Тој е во висина на 2,5 милиони денари, поголемиот дел од нив се на УНДП додека една петина, петстотини илјади денари се од локалната власт. Оваа зграда сега има нова намена, Дом на лица со посебни потреби и веќе има подготвени две училници за лицата со оштетен вид. Во нив се одвиваат и наставни активности.
На зградата ќе се работи на надворешноста, нова фасада, прозорци, ќе се менува кровот, тамо каде е оштетен. Бидејќи објектот е голем, ќе треба време за да се завршат сите работи. И санитарните јазли ќе ги прилагодиме за потребите на овие лица. УНДП најави дека ќе го реши и осветлувањето на просториите во внатершноста - најави градоначалникот Славчо Чадиев.
Во ова зграда ќе бидат вдомени сите неваладини здруженија, кои се за лицата со попречености. Овој грант се реализира со помош на Вардарскиот Плански регион. Тие со Грчко здружение преку ИПА фондовите ќе аплицираат и за внатрешно уредување.
Tweet |