речник контакт

За седум дена 142 пациенти од Велес примиле четврта доза вакцина против ковид-19

Најголем интерес за четврта доза им кај граѓани на возраст над 60 години

Петар Печков

За седум дена, откако започна вакцинацијата со четврта доза против кводи-19, во вакциналниот пункт во Велес, аплицирани се 142 дози. Во истиот период  07-13 јули, аплицирани се три  вакцини прва доза, две вакцини втора доза и 20 вакцини трета доза.

„Најголем интерес за четврта доза им кај граѓани на возраст над 60 години. Додека за останатите вакцини е слаб интересот. Тоа се граѓани кои сакат да патуваат во странство“ - изјави д-р Марина Тодоровска координатор за вакциналниот пункт против ковид-19 во Велес.

Тој се наоѓа во Здравствен дом- Уред и работи од 8 до 13ч., секој работен ден.   Четвртата доза е достапна за сите лица над 18 години кои досега примиле три дози, а закажување на вакциналните пунктови не е потребно. Вакцинацијата со четврта доза се одвива со вакцината на „Фајзер“ а препорачаното растојание од третата доза е изминати  најмалку четири месеци“

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »