речник контакт

За седум дена починаа двајца пациенти од Велес, позитивни на ковид-19

Изминатите 24 часа 41 нов случај со корна вирусот во велешко

Петар Печков

Изминатите седум дена на Инфективното одделение oд велешка Болница, починаа двајца пациенти, позитивни на ковид-19. Со ова бројот на починати лица од велешко, од последиците на корона вирусот достигнa 321 пациент.

„Починати се двајца мажи,првиот  на 20 јули роден 1938  и вториот на 24 јули роден 1939 година.  И двајцата се од Велес“ - соопшти д-р Елена  Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
 
На Инфективно одделение од оваа здравствена установа хоспитализирани се 16 пациенти, 15 од нив се потврдено позитивни а еден е непотврден. На кислородна поддршка се шест пациенти. Во текот на изминатите 24 часа има примено тројца нови пациенти а еден е испишан.

Од згрижените 16 пациенти, 12 се од Велес, тројца од Неготино и еден од Кавадарци.


Министерството за здравство соопшти дека изминатите 24 часа во Велес и велешко има 41 нов случај со ковид-19 а оздравени се 30. Бројот на активни случаи се искачи на 172 лица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »