Петар Печков
Објавено: среда, 13 јуни 2018
Пилот активностите за собирање на отпадно стакло започнаа на 1-ви ноември минатата година. Се спроведуваат со помош на ,,Пакомак,, кој лани подари 10 контејнери.
Во нив заклучно со 31 мај годинава собрани и предадени на ПАКОМАК се 9.300кг. отпадно стакло-шишиња и тегли. Или во бројки тоа се повеќе од 31 илјади шишиња и тегли. Задоволни од соработката тие пред извесен период на Општина Велес и подарија нови 20 специјализирани контејнери за стакло, кои наскоро ќе бидат поставени на јавните фреквентни површини во градот.
Локалната власт апелира до граѓаните да ги користат контејнерите исклучиво за селекција на отпадно стакло (шишиња и тегли) со што ќе придонесат за селектирањето и рециклирањето на комуналниот отпад и заштитата на животната средина.
Tweet |